Ердоган негира: Веста за бегството на џихадисти од затворите е ЛАЖНА

Фото: Профимедиа

Претседателот на Турција, Таип Ердоган денес ги негираше извештаите дека затворените припадници на Исламска држава во северо-источна Сирија избегале како резултат на турската офанзива во областа, велејќи дека станува збор за „дезинформација“ насочена кон провоцирање на Западот.

Властите кои ги предводат Курдите во северна Сирија во неделата објавија дека 785 странци поврзани со Исламска држава избегале од логорот Аин Иса во близина на северниот град Ракка, каде што беа задржани по турското гранатирање во неделата.

Според државната новинска агенција Анадолу, Ердоган рече дека тие извештаи биле лажни и имаат за цел да ги провоцираат Соединетите држави и другите западни земји.

Курдската автономна управа во североисточна Сирија соопшти дека милитантите користеле гранатирање на турските платеници како можност за бегство. „Тоа е директна поддршка за новото раѓање на ИС“, велат од администрацијата.

Стотици семејства на ИС беа приведени во логорот Аин Иса, подигнат од Курдските сириски демократски сили (СДФ) во 2016 година.

Турската офанзива на сириска територија предизвика загриженост во врска со можното повторно појавување на џихадистите и повторното зајакнување на Исламската држава.

Сириските Курди се клучен фактор во поразот на ИС, при што арапските земји и Западот ги осудија воените игри на Анкара во североисточна Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот