Ердоган утре во дводневна посета на Србија, ќе го означи почетокот на градбата на автопатот Белград-Сараево

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утре во Белград ја започнува дводневната посета на Србија.

Ердоган покрај разговорите со неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе присуствува и на втората сесија на Советот на високо ниво за билатерална соработка, а најавени е потпишување на низа билатерални договори.

Двајцата претседатели ќе присуствуваат и на Бизнис форумот чија цел е зајакнување на билатералната економска соработка меѓу Србија и Турција.

Во вторник, во Белград, Вучиќ, Ердоган и членовите на претседателството на БиХ ќе одржат Трилатерален самит, по што во Сремска Рача официјално ќе го обележат започнувањето на работите на автопатот Белград – Сараево.

Овој автопат е важен за поврзувањето на целиот регион, ќе се гради во две насоки: Бијелина – Сремска Рача (граница со БиХ) – Кузмин и Пожега – Котроман (граница со БиХ).

Вредноста на комерцијалниот договор е 250 милиони евра и вклучува подготовка на документација и изведување на работи на делницата Сремска Рача – Кузмин – вкупно 225 милиони евра – и подготовка на проектната и техничка документација за делот Пожега-Котроман – 25 милиони евра.

Проектот ќе се финансира со заем од турската Ексим банка и буџетот на Република Србија.

Автопатот Белград-Сараево, делницата Бјелина-Сремска-Рача-Кузмин-врска со автопатот Е-70, Белград – Загреб- има должина од околу 18 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот