Ердоган утре ќе разговара со лидерите на Финска за членството во НАТО

ердоган нато турција
Ердоган / EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека утре ќе има телефонски разговор со Финска за членството на земјата во НАТО.

– Денеска разговарав со холандскиот премиер. Утре ќе има разговори со Британија и Финска, изјави тој за новинарите.

Ердоган рече дека планира разговори и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во блиска иднина.

– Ќе ја продолжиме нашата „телефонска дипломатија” со членките на НАТО, но нашиот став за членството на Шведска и Финска е јасен, рече турскиот лидер.

Претходно Финска и Шведска на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му ги доставија барањата за приклучување кон алијансата. Турција соопшти дека не може да им каже „да” на тие земји за влез во НАТО поради нивниот пристап кон курдското прашање. Според Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот лидер, претседателот Џо Бајден не планира да контактира со турскиот колега Ердоган во оваа фаза во однос на загриженоста на Анкара за проширувањето на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот