Ердоган: Турција силно го поддржува членството на БиХ во НАТО

Photo/Facebook

Претседавачот и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додиќ и Шефик Џаферовиќ и претставникот на Парламентарното собрание Жељко Комшиќ, престојуваат во официјална посета на Анкара.

По церемонијата на свечениот пречек со воени почести пред Претседателската палата во Анкара, следеше состанокот на членовите на Претседателството на БиХ со Ердоган, по што се одржа состанок на делегациите на Турција и Босна и Херцеговина.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, по состанокот со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додиќ и Шефик Џаферовиќ, изјави дека Турција силно го поддржува членството на БиХ во НАТО сојузот, напоменувајќи дека стабилноста на БиХ е од исклучително значење за стабилноста на цела Европа.

„Сакаме што е можно поскоро да се формира власта во БиХ без меѓусебни обвинувања, и лидерите што поскоро да се фокусираат на процесот на реформи, интеграцијата на БиХ во евроатланските институции и членството во НАТО за што Турција пружа голема поддршка“, рече Ердоган на прес-конференцијата.

Според веста на Агенцијата „Анадолу“, Ердоган нагласи дека Турција ќе обезбеди секаков вид на поддршка со цел проектот за гасоводот „Турски тек“ да минува и низ Босна и Херцеговина.

Тој истакна дека БиХ претставува вистински мозаик на Балканот, поради што мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина е од големо значење за мирот во цела Европа, а не само во тој регион.

„БиХ зазема посебно место во нашите срца и затоа вложуваме големи напори да придонесеме за решавање на сите проблеми со кои се соочува Босна и Херцеговина, како да се работи за нашите лични проблеми. Ќе продолжиме да пружаме секаков вид поддршка и помош на Босна и Херцеговина“, рече Ердоган.

Во фокусот на разговорите за време на посетата беше ревидиран Договорот за слободна трговија меѓу БиХ и Турција, што ќе придонесе за трговска размена од милијарда евра кој беше потпишан денеска.

Потпишан е и Меморандум за разбирање во врска со изградбата на автопатот Белград – Сараево, со кој е предвидена динамизација на процесот на изградба на делот на патот кој минува низ Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот