Ердоган: Турција нема да се откаже од офанзивата во Сирија, ќе одиме до крај

Фото: Профимедиа

Турција нема да се откаже од офанзивата против курдските борци во североисточниот дел на Сирија, „без разлика кој и што кажува”, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, додавајќи дека борбата ќе продолжи се додека не се постигне „конечна победа”.

– Одлучни сме да ја продолжиме операцијата до крај, неосврнувајќи се на заканите. Апсолутно ќе ја завршиме работата која ја почнавме. Нашата борба ќе продолжи се до конечна победа – истакна Ердоган во својот говор во Баку.

Тој, исто така, ги осуди ЕУ и Арапската лига поради нивните критики за турската акција и побара меѓународни средства за плановите на Анкара за создавање „безбедносни зони” во североисточниот дел на Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот