Ердоган: Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи

Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин
Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин / 5 август 2022 / Фото: EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска, по враќањето од Сочи, изјави дека Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи.

– Позитивен аспект од нашата посета на Сочи е договорот со господинот (рускиот претседател Владимир) Путин за плаќање во рубљи, изјави Ердоган на новинарите по враќањето од Сочи каде што се сретна со Путин.

Двајцата претседатели се договориле испораките на руски гас за Турција „делумно да се плаќаат во рубљи”, соопшти синоќа вицепремиерот на Русија Александар Новак.

Ердоган не го прецизираше обемот на идните трансакции во рубљи.

Со месеци Русија се обидува да ја наметне сопствената валута за плаќањето на гасот поради санкциите што ги воведоа западните земји поради нејзината инвазија на Украина.

Иако брзо ја осуди руската офанзива, Турција се одлучи за неутралност и не се приклучи на западните санкции против Москва.

Во 2021 година, Русија обезбедуваше околу една четвртина од увезената нафта на Турција и 45 отсто од природниот гас.

Ердоган и Путин во Сочи се договорија и за зајакнување на енергетската и економската соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот