Ердоган трага по успешна формула за враќање сириските бегалци во својата татковина

Фото: EPA-EFE/GAILAN HAJI

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека милион сириски бегалци, „во многу краток временски период” и на доброволна основа треба да се преселат во „зоната на мирот”, на северот од нивната земја.

-Мораме да пронајдеме формула на бегалците кои патуваа до Турција да им овозможиме да се преселат во нивната татковина – кажа Ердоган на Глобалниот форум за бегалци во Женева.

Во моментов во Турција се наоѓаат 3,7 милиони сириски бегалци, а Ердоган смета дека во „зоната на мирот” можат да се изградат станбени објекти и училишта, пренесоа британските медиуми.

Ердоган истакна дека во оваа зона веќе се вратиле 371.000 сириски бегалци по турската воена операција чија цел беше, како што наведе, областа да се исчисти од „терористичките организации”:

Во овој контекст тој ги спомена и Исламска држава и кудските Единции за заштита на народот и Курдската работничка партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот