Ердоган стравува дека можниот пад на Владата во Либија ќе го зајакне исламистичкиот тероризам

EPA-EFE/STR

Тој наведе дека терористичките организации како Исламска држава и Ал Каеда ќе имаат корист од тоа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека ако падне либиската Влада, која има поддршка од Обединети нации, ќе зајакне исламистичкиот тероризам.

– Европа ќе се соочи со нови низа проблеми и закани ако падне легитимната либиска Влада, напиша Ердоган во текст за порталот „Политико”.

Тој наведе дека терористичките организации како Исламска држава и Ал Каеда ќе имаат корист од тоа.

– Организациите што беа воено поразени во Сирија и во Ирак ќе најдат плодна почва повторно да застанат на нозе, потенцира Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот