Ердоган: Сојузниците не смеат да ја напуштат Турција во борбата против тероризмот

Сојузниците не смеат да ја напуштат Турција во борбата против тероризмот, порача денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Овој став Ердоган го соопшти откако Анкара го одобри планот на Алијансата за одбрана на Балтикот и Полска.

Ердоган претходно, во пресрет на самитот, кажа дека Анкара го блокира планот додека сојузниците не ја поддржат борбата против курдските милиции кои Турција ги смета за терористички организации, пренесоа британските меидуми.

Во обраќањето до медиумите во Лонодн, по самитот на НАТО, на кој лидерите на Турција, Франција,Германија и Велика Британија водеа одвоени разговори за Сирија, Ердоган кажа дека четворицата лидери повторно ќе се состанат во Истанбул, во февруари.

Како што денеска дополни, сите четворица лидери се согласиле од сега да водат разговори најмалку еднаш годиншно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот