ЕРДОГАН СО СЕРИОЗНИ ЗАКАНИ: Ќе ја затвориме базата Инџирлик ако САД воведат санкции

Турција би можела да ја затвори воената база Инџирлик, во која има американски нуклеарни боеви глави, како одговор на заканите на САД за воведување санкции за Анкара и неодамна донесената резолуција на американскиот Сенат, со која ерменскиот масакр пред еден век беше прогласен за геноцид. Тоа го најави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Треба да преземеме таков чекор … Доколку е потребно, заедно со нашите делегации, ќе ја затвориме базата Инџирлик – изјави Ердоган за телевизијата Хабер.

Тој додаде дека Турција, исто така, може да ја затвори радарската база Куреџик доколку е потребно.

– Ако ни се закануваат со примена на тие санкции, секако дека ќе одговориме – нагласи турскиот претседател.

На 12 декември американскиот Сенат усвои резолуција со која се признава масакрот врз Ерменците извршени од отоманските Турци пред еден век како геноцид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот