Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да формираат заедничка група за решавање на ситуацијата во регионот Нагорно Карабах, објави турски „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на дипломатски извори.
Како што се наведува, Ердоган му ја испратил таа покана на Путин за време на телефонскиот разговор одржан на 7 ноември.
Агенцијата ТАСС јави дека подготовката за формирање на групата може да започне во наредните денови.
Руската агенција наведува дека оваа информација досега не е потврдена од турски или руски официјални лица