Ердоган: Шумските пожари во Турција се најтешките во историјата

Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT

 Турција се бори со најтешките шумски пожари во својата историја, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, кога пожарот во област во југозападниот дел на земјата се прошири на термоелектрана.

– Пожарите што се случија оваа година никогаш не се случиле во нашата историја. Ова се досега најголемите пожари, рече Ердоган во телевизиско интервју.

Поради високите температури и силните ветрови, пожарите принудија илјадници Турци и странски туристи да ги напуштат своите домови и хотели на брегот на Егејското Море и Медитеранот. Осум лица го загубија животот во пожарите од минатата недела.

 

Авиони и десетици хеликоптери им се придружија на пожарникарите кои се борат со огнот на терен, но владата на Ердоган се соочи со критики за брзината на одговорот.

Повеќе од една недела откако избија првите пожари, 16 од нив се уште горат, рече министерот за шумарство.

„Во последните две недели, во пожарите во Турција изгоре трипати поголема површина од она што се уништува од пожар во просек секоја година”, соопшти Европската противпожарна агенција.

– Пожарот се прошири на термоцентралата, рече Мухамер Токат, градоначалник на Милас, додавајќи дека термоелектраната е евакуирана.
Претходно, екологистите изјавија дека се загрижени за можното ширење на пожарот во складиштето за јаглен во термоцентралата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот