Ердоган се заканува со поинтензивна офанзива, ако примирјето не се реализира во целост

Турција ќе ја продолжи офанзивата во североисточниот дел на Сирија уште поинтензивно од претходно ако договорот со САД за петдневно примирје не биде реализиран во целост, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека за Турција не претставува проблем влезот на сириските сили со поддршка на Русија во подрачјата исчистени од курдските Сили за заштита на народот, истакнувајќи оти Анкара не планира да остане на подрачјата под нивна контрола во северниот дел на Сирија.

Претходно, турскиот претседател демантираше дека денеска има судири во Сирија и покрај примирјето.

– Во североисточниот дел на Сирија нема никакви судири изјави претседателот на Турција, Ердоган.
Неговата изјава уследи откако дел од западните медиуми јавија дека се слушаат експлозии на гранати на сириско-турската граница и покрај договореното примирје во траење од пет дена, со цел да се исчисти безбедносната зона од курдските сили.

Прочитајте и...  Пораст на новозаразени во Јужна Африка: Над 10.000 нови случаи на коронавирус

Ердоган посочи дека безбедносната зона ќе се простира 440 километри долж границата на Турција со Сирија и оти со Вашингтон е договорено истата да навлегува во сириска територија во должина од 32 километри.

Ердоган на синоќешната средба со американскиот потпретседател Мајк Пенс во Анкара постигнаа договор за прекин на турската офанзива во североисточна Сирија. Во разговорите со турските претставници учествуваа и државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан.

Американските претставници пристигнаа во Анкара за да го предупредат Ердоган дека ќе се соочи со дополнителни американски санкции ако не ја прекина офанзивата во Сирија.

Турција на 9 октомври, два дена по одлуката на Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, ја покрена операцијата Извор на мирот против курдските сили. Анкара истакна дека цел на операцијата е да создаде „тампон зона” за заштита на турската граница, во која би можеле да се вратат сириските бегалци од Турција

Прочитајте и...  Мицкоски од Прилеп: Ние чуда не ветуваме, тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го исполниме

Прочитај повеќе

Хјустон и Остин бараат дозвола да наредат луѓето да останат дома поради Ковид-19

Слободен печат

Научници бараат од СЗО да ги промени препораките поради докази за воздушна трансмисија на Ковид-19

Слободен печат

Иранските власти тврдат дека изградиле подземни ракетни градови

Слободен печат

Заев порача дека заврши времето на груевизмот и национализмот, за Мицкоски овие избори се за обелување на образот на нашите предци

Слободен печат

Во континуитет висок број починати и новозаразени од Ковид-19 во земјава

Слободен печат

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со појава на град

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат

Научници бараат од СЗО да ги смени препораките: Коронавирусот се пренесува и преку воздух

Слободен печат

Вандализам на ловиштата во Македонска Каменица

Слободен печат

Глас за Македонија од Куманово: Борба против корупција, поддршка за мали семејни фирми

Слободен печат

Зибери: 20.000 евра грантови за секој млад фермер под 35-годишна возраст

Слободен печат

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ не смее да каже ни „п“ од правна држава

Слободен печат