Ердоган се заканува: Ќе го тужиме Вашингтон ако не ги добиеме веќе платените американски ловци

EPA-EFE/STR

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека ќе побара помош од меѓународен арбитражен суд ако Вашингтон не ги испорача веќе платените од Анкара американски ловци-бомбардери „Ф-35“.

Турција за ловците веќе платила 1.25 милијарди долари.

– Ако тие сторат погрешен чекор, тогаш ние ќе покренеме процедура пред меѓународна арбитража, ќе бараме да ни ги вратат уплатените пари – изјави Ердоган во интервју за јапонскиот весник „Никеи“.

Според турскиот претседател, во зделката Турција не е само купувач туку и партнер за производство на ловците-бомбардери. Според него, земјата произведува повеќе резервни делови за „Ф-35“.

На самитот на Г-20, што од утре стартува во Осака, Јапонија, предвидено е Ердоган да се сретне со неговиот американски колега Доналд Трамп.

-Ќе ги разгледаме и испораките на американско оружје и ќе разговараме за односите помеѓу двете земји –  додаде тој.

Според него, нема законска основа за воведување санкции од САД кон Турција поради набавката на рускиот ракетен систем, бидејќи договорот со Москва во вредност од 2.5 милијарди долари бил склучен пред воведувањето на законот Спротивставување на противниците на Америка преку санкции (КААТСА).

Американската страна и претставници на НАТО повеќепати досега укажаа дека се против тоа Анкара да набави ракетен систем С-400.

Како аргумент, тие посочуваат дека руското оружје не може да биде интегрирано во системот на противракетната одбрана на НАТО. Турција е членка на воената алијанса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот