Ердоган: Руската понуда за купување на ракетниот систем беше подобра од онаа на САД

EPA-EFE/STR

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека никогаш не станало збор Турција да се повлече од договорот со Москва околу купувањето на рускиот ракетен систем Ѕ-400.

-Ние имаме договор кој моментално се спроведува и решени сме да истраеме во тоа. Не планираме да се повлечеме, изјавил турскиот лидер во интервју за телевизијата „Хабертурк“.

Во обраќањето пред новинарите по завршувањето на утринската молитва, Ердоган додал дека Турција сака да го купи американскиот одбранбен систем „Патриот“, но оти понудата од САД не била толку добра како руската, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот