Ердоган: расправите за изборите треба да ги оставиме во минатото

EPA-EFE/STR

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на социјалните мрежи коментираше околу расправата на локалните избори што беа одржани во Турција на 31 март.

„Пред нас имаме еден период од 4.5 години кој бара ефикасност. Оставајќи ја расправата за локалните избори позади нас, мораме да се концентрираме на актуелните теми, пред се на економијата и безбедноста. Сега е време на заковување на нашето заедништво и единство.“ соопшти Ердоган.

Со следните зборови Ердоган коментираше и за идните планови на Турција; „Целта ни е да ја зголемиме благосостојбата на нашиот народ, да ги елиминираме заканите кон нашата земја, да ја зачувуваме стабилноста и да ја упатиме Турција во нашите заеднички цели во 2023 година. Со Господ напред ќе продолжиме решително со борбата против тероризмот и со реализација конструктивните реформи во нашата земја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот