ЕРДОГАН ПРОДОЛЖУВА СО „ЧИСТКА“: Турција нареди апсење на 223 воени лица

EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY

Турските обвинители денеска издадоа  наредби за апсење на 222 војници што служат низ целата земја и во турскиот дел на Кипар, под сомнение дека се  поддржувачи на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, јави турската државна агенција Анадолија.

ДПА пренесува дека според Анкара, Ѓулен, некогашниот соработник на претседателот Ердоган, е главниот инспиратор на неуспешниот пуч во 2016 година од страна на фракција во војската, што тој неколку пати го демантираше.

Полицијата во Истанбул, во 53 други турски градови и на Кипар почна рации за апсење на осомничените, а 50 веќе се приведени, се вели во извештајот. Меѓу осомничените имало војници од копнените, воздушните, поморските и жандармериските сили, како и крајбрежната стража.

Десетици илјади луѓе по неуспешниот воен удар во земјата се отпуштени од државна служба, а повеќе од 30.000 осомничени поддржувачи на Ѓулен се наоѓаат во затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот