Ердоган продолжи со критиките кон Макрон: Првиот човек на Франција е изгубен

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повторно го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за неговиот однос кон муслиманите, велејќи дека тој е „изгубен”.

Ердоган вчера рече дека Макрон има проблем со муслиманите и му треба „ментална проверка”, поради што Париз го повлече својот амбасадор од Анкара.

Се заоструваат односите: Ергодан го навреди Макрон, тој ќе го повлекува францускиот амбасадор од Турција

– Првиот човек на Франција е изгубен. Тој продолжува со Ердоган цел ден. Погледнете прво во себе и каде одите. Јас вчера во Кајсери реков дека тој е случај и дека навистина треба да биде прегледан, рече Ердоган во Малатија.

„Зборовите на претседателот Ердоган, се неприфатливи. Навредите и грубостите не се начин. Бараме Ердоган да ја смени политичката насока, зошто неговата политика е опасна во секоја смисла. Не влегуваме во преголеми полемики и не прифаќаме навреди“, реагираше Франција вчера на изјавите од Ердоган, во соопштението од Елисејската палата.

ВИДЕО: На згради во француските градови се прикажуваа карикатури од Мухамед од „Шарли Ебдо“

Овој месец, Макрон објави војна на „исламистичкиот сепаратизам”, за кој верува дека влијае на некои муслимански заедници во Франција.

Макрон за вчерашниот напад: Терористите нема да ја поделат Франција (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот