ЕРДОГАН ПРЕДУПРЕДУВА: Ќе се спротивставиме на планот на НАТО ако Алијансата не ги признае терористите

EPA-EFE/STR

Турција ќе се спротивстави на планот на НАТО за одбрана на балтичките земји, освен ако Алијансата не ги признае групите против кои Анкара се бори како терористи, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Обраќајќи се во Анкара во пресрет на самитот на НАТО во Лондон, Ердоган рече дека Турција очекува безусловна поддршка во нејзината борба против заканите од тероризам.

Во Лондон денеска почнува дводневниот самит на НАТО, со цел да се покаже единството и силата на Алијансата, која ја слави својата 70-годишнина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот