Ердоган повторно се понудил како посредник во преговорите меѓу Москва и Киев

Фото EPA-EFE/TURKISH DEFENCE MINISTRY

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, повторно се понудил како посредник во преговорите меѓу Москва и Киев, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

„Ердоган му изрази сочувство на Зеленски за жртвите од хеликоптерската несреќа на 18 јануари”, се додава во соопштението.

Во несреќата кај Киев загинаа 14 лица, а меѓу нив беше и министерот за внатрешни работи на Украина, Денис Монастирски.

Лани во Август турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара ќе продолжи да вложува напори во посредувањето меѓу Русија и Украина со цел да се почнат со преговори за ставање крај на конфликтот,

Анкара останува посредник меѓу Москва и Киев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот