Ердоган повика на смирување на тензиите меѓу соседот Иран и НАТО сојузниците САД

EPA-EFE/STR

Во овој критичен период кога почнуваат да тропаат воените тапани, ние се обидуваме да ги олабавиме тензиите, користејќи ги сите канали на дипломатијата – изјави Ердоган од Истанбул.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди на ескалација на тензиите меѓу нивниот сосед Иран и НАТО сојузникот САД, додавајќи дека Анкара „ги користи сите располжливи средства” да се избегне нов конфликт, јави ДПА.

– Во овој критичен период кога почнуваат да тропаат воените тапани, ние се обидуваме да ги олабавиме тензиите, користејќи ги сите канали на дипломатијата – изјави Ердоган од Истанбул, пренесен од германската агенција.

– Никој нема право да го фрли целиот регион, особено Ирак, во нов круг на огнот – додаде Ердоган.

Турција не сака регионот да биде „сцена за прокси војни”, додаде тој.

Шефот на турската дипломатија,Мевлут Чавушоглу, потсетува ДПА, во четврток ќе патува за Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот