Ердоган понуди помош за смирување на односите меѓу Русија и Украина

Ердоган и Путин во Сочи/ Фото EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV/ SPUTNIK / KREMLIN POOL

Турција е подготвена да посредува во разговорите меѓу Русија и Украина, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Ројтерс.

Се надеваме дека овој регион нема да стане регион во кој доминира војна. Нека влезе во иднината како регион во кој доминира мирот, посочи Ердоган.

Се очекуваат разговори

Сакаме ставот за ова прашање да се развива во позитивна насока. Можеме да посредуваме за тоа, ќе разговараме за ова прашање со нив, би сакале да учествуваме во решавањето на проблемот преку развивање дијалог и со Украина и со господинот Путин, додаде тој по враќањето од Туркменистан.

Ердоган изрази подготвеност да посредува и покрај тоа што ја „налути“ Москва со продажбата на дронови на Киев, поради тензиите во источна Украина.

Ердоган рече дека Турција сака мир во областа на Црното Море, потсетувајќи дека на таа тема често разговарал со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот