Ердоган подготвен да се сретне со водачот на талибанците

Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција. / Фото: Профимедиа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека е подготвен да се сретне со талибанскиот водач во обид да го врати мирот во Авганистан.

„Неодамнешните настани и ситуацијата со Авганистанците се навистина, навистина загрижувачки“, рече Ердоган во интервју за Си -Ен -Ен Турк.

„Јас дури би бил подготвен да примам кој и да е нивниот водач“, рече Ердоган откако зборуваше за напорите на турските власти да обезбедат разговори со Талибанците.

Турција имаше сили во Авганистан во рамките на НАТО и предложи да обезбеди безбедност на аеродромот во Кабул по заминувањето на американските сили на крајот на месецот.

Преговорите меѓу турските и американските претставници за тоа прашање продолжуваат, а Турција изјави дека е подготвена да ја заврши таа работа доколку се обезбедат дипломатски, финансиски и логистички услови.

Турција, која прими 3,6 милиони сириски бегалци и нејзината економија е во неволја, се плаши од прилив на авганистански бегалци, бидејќи Талибанците ја преземаат контролата над земјата.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот