Ердоган поддржува решение на спорот меѓу Србија и Косово, политиката кон балканските земји не ја заснова на религијата на народите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред официјалната посета на Србија даде интервју за српскиот весник „Политика“, во кое вели дека неговата земја е подготвена да се вложи за да се реши проблемот со соседно Косово.

Турскиот лидер посочи дека Турција го поддржува продолжувањето на дијалогот на Приштина и Белград за траен и сеопфатен договор, поради тоа што овој договор е од клучно значење за долгорочната стабилност и мир на Балканскиот Полуостров. Дополнително, Ердоган кажа дека односите на двете земји се засноваат на меѓусебно почитување и разбирање.

– Србија игра важна улога во одржувањето на регионалниот мир и развојот на регионот – смета Ердоган, кој вели дека неговата земја дава поддршка за напорите на Србија кон економскиот развој и влегувањето во ЕУ.

Реџеп Таип Ердоган дополнително кажа дека Турција го гледа нашиот северен сосед како соседна земја, иако не делат заеднички граници, како и дека Турицја политиката кон Балканот не ја спроведува врз основа на религијата и дека не прави разлика меѓу народите кои живеат тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот