Ердоган по кратка постапка го промени министерот за транспорт

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го промени министерот за сообраќај Мехмет Турхан по кратка постапка.

Смената доаѓа во време кога Турција се бори против ширењето на епидемијата на коронавирусот, поради што во изминатите недели во оваа земја починаа 92 лица.

За нов министер е именуван Адил Караисмаилоглу, а причините за смената не се образложени. За време на предавањето на должноста, новиот министер рече дека претстојат важни „визионерски“ проекти кои ќе допринесат за развој на земјата.

– Заедно и брзо ќе ги спроведеме тие проекти – рече тој, а пренесува „Ројтерс“.

Турхан и неговото министерство во претходните денови се најдоа на мета на критичарите поради тоа што во екот на епидемијата на коронавирусот е организиран првиот тендер за подготвување на изградба на голем канал во близна на Истанбул.

Новиот министер дополнително посочи дека министерството во периодот на епидемијата ќе работи во рамки на препораките на министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот