Ердоган: Операција во Идлиб е прашање на време

EPA-EFE/STR

Турција нема да се двоуми да се погрижи сама за сопствените безбедносни проблеми доколку другите земји од регионот не успеат да ја уверат, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, цитиран од весникот „Дејли Сабах”.

– Прашање на време е започнување нова операција во Идлиб, во северозападна Сирија, им рече Ердоган пред пратениците од неговата Партија за правда и развој (АКП).

Тој истакна дека „во моментот се издаваат последните предупредувања. За жал, не успеавме да го постигнеме посакуваниот резултат ниту кај нас, ниту во Русија”.

– Турција прави секакви подготовки за проблемот со Идлиб. Операција во Идлиб е прашање на време, рече Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот