Ердоган одлучи – Испраќа војска во Либија

EPA-EFE/STR

Законот за испраќање на воена помош во Либија го усвои и Парламентот на Турција, а како што беше најавено од порано, станува збор за воздушна, копнена и поморска помош.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека неговата земја ќе испрати војска во Либија за да ја поддржи тамошната Влада во борбата против силите на Халиф Хафтар, кој спроведува офанзива во либиската престолнина.

Како што објаснил претседателот на Турција, војската на оваа земја во Либија ќе биде испратена врз основа на договорот кој Анкара го потпишала со Владата на националното единство на Фајез Сараџ.

Претходно, законот за испраќање на воена помош во Либија го усвои и Парламентот на Турција, а како што беше најавено од порано, станува збор за воздушна, копнена и поморска помош.

За потсетување, борбата меѓу силите на меѓународно признатата Влада и единиците на генералот Халиф Хафтар, кој владее на исток во земјата, почна по отстранувањето од власт на долгогодишниот претседател Муамер ел Гадафи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот