Ердоган: Ние не сме против курдските браќа, туку против терористичките организации

EPA-EFE/STR

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакна дека доколку по прашањето за Ф-35 продолжи бескомпромисниот став на Соединетите Американски Држави, Турција, за да ги задоволи своите потреби, ќе биде принудена да бара други решенија, јави агенцијата Анадолија.

Претседателот на Република Турција и претседател на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган, денес говореше на состанокот на парламентарната група во турското Собрание.

Осврнувајќи се на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, Ердоган рече дека за многу прашања не можеле да донесат фундаментални решенија, но на светот му покажале дека тие прашања не можат да ги заробат односите меѓу двете земји.

– Доколку по прашањето за „Ф-35″ продолжи бескомпромисниот став, Турција, за да ги задоволи своите потреби, ќе биде принудена да бара други решенија, нагласи Ердоган во својот говор пред пратениците на АК Партијата.

Истакнувајќи дека оние што се обидуваат сепаратистичката терористичка организација (ПКК) да ја претстават како структура која се бори против ДЕАШ, рече дека тие денес се обидуваат да ги покријат масакрите на цивили на истата организација.

– Низ светот кажуваат дека ние сме против Курдите. Слично како Народната демократска партија ХДП (HDP) во Парламентот. ХДП зад која стои терористичката организација ПКК. Ние молиме да не се мешаат овие работи. Ние не сме против курдските браќа, туку против терористичките организации како што се ПКК, ПЈД, ЈПГ. Вашите вакви изјави се непочитување на нашите курдски браќа. Ве молам, ова не го правете. Тоа им го кажавме на сите, рече турскиот претседател.

– Се обидуваа да создадат терористички коридор по должината на границата со Турција, и сакаа да нè држат под опсада од југ”, истакна Ердоган и додаде: „Ние што направивме? Ја скршивме таа опсада. Тука е нивниот проблем.”

– Кога се скрши опсадата од југ, тие полудеа, рече Ердоган.

Истакнувајќи дека на северот на Сирија пристигнале 32-33 камиони со оружје, муниција и опрема, Ердоган нагласи „и покрај тоа тие не успеаја успешно да ја спроведат операцијата. Зошто? Затоа што нашата Војска и Сириската национална војска (СНВ), рака за рака, гради до гради, ги расипаа сите тие игри.”

Ердоган истакна дека на средбата со американскиот претседател ги повторил барањата во врска со водачот на ФЕТО и неговите приврзаници.

– Нашата решеност кон ова прашање продолжува. Ние ќе ги бараме овие предавници до последниот здив за да одговараат за предавството што го направија кон нашата земја и нашиот народ. Терористите нема да можат да се ослободат од тоа, без оглед зад кого се кријат. Се надеваме дека почнаа да разбираат дека Турција, со уцени, санкции, со лажни аргументи, нема да се откаже од случајот во којшто е во право. На сите ќе им раскажеме дека без согласност и поддршка од Турција ниту еден план во регионот не ќе може да се реализира- вепи Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот