Ердоган: Нетанјаху е Хитлер на ова време и тој и неговите помагачи нема да избегаат од одговорноста и правдата

Реџеп Таип Ердоган/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

По враќањето од Багдад во разговор со новинарите турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа дека Турција прави сè што е во нејзина моќ да ѝ помогне на Газа.

„Ние сме како нокт и месо со нашите палестински браќа. Ним им се нанесува болка и никој не смее да мисли дека мирно спиеме. Ќе продолжиме да ја откриваме вистината и да зборуваме за убиствата на Израел. Нетанјаху е Хитлер на ова време и тој и неговите помагачи нема да избегаат од одговорноста и правдата“, кажа Ердоган.

Додаде и дека заземањето на Газа од страна на Израел би отворило врата за нови окупации, а населувањето на Израелците би го направило Израел уште поагресивен, пренесува Анадолу.

„Ако исламскиот свет не се разбуди од треперењето предизвикано од масакрите во Газа кои се всушност геноцид, му се заканува опасност целосно да ги изгуби своите рефлекси“, предупреди Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот