Ердоган: Неприфатливо е да ни забрануваат нуклеарно оружје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека е неприфатливо државите кои имаат нуклеарно оружје да и забранат на Турција да се снабди со такво вооружување.

Ердоган сепак не откри дали Турција планира да го направи тоа.

– Некои земји имаат ракети со нуклеарни боеви глави, не една или две. Но ни велат дека не можеме да ги имаме.  Тоа не можам да го прифатам, рече Ердоган обраќајќи се пред членовите на неговата Партија за правда и развој во турскиот град Сивас.

Турскиот претседател нагласи дека не постои развиена земја на светот која нема нуклеарно оружје.

Турција во 1980 година го потпиша Договорот за неширење нуклеарно оружје, а во 1996 година Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот