Ердоган: Нема да се откажеме од рускиот рактен систем, сакаме да бидеме пријатели и со САД и со Русија

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Анкара нема да се откаже од рускиот ракетен одбранбен систем С-400, дури и ако го набави американскиот систем „Патриот”, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по неговото враќање од Вашингтон.

– Им кажавме на САД дека ќе го купиме системот „Патриот” ако ни понудат добра зделка. Сепак, сметаме дека (американската) понуда целосно да се откажеме од С-400 е сосема погрешна – рече Ердоган за НТВ.

– За нас е важно да го имаме С-400 во нашиот одбранбен систем. Ние ќе го купиме и С-400 и Патриот затоа што го развиваме нашиот одбранбен систем на разновиден начин. Тоа е стратегија на нашите вооружени сили – истакна Ердоган.

Тој ја отфрли можноста за избор меѓу Русија и САД како курс за надворешна политика на Турција.

– Постојат политичари кои ме прашуваат кој е непријателот: САД или Русија. Не сакам непријатели. Сакам да бидам пријател и со Америка и со Русија. Тоа е нашата цел и ние преземаме соодветни чекори кон тоа. А некои се загрижени поради тоа – заклучи претседателот на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот