Ердоган: Не застануваме додека и последниот терорист не го напушти регионот – Слободен печат
ВестиПланета

Ердоган: Не застануваме додека и последниот терорист не го напушти регионот

Турскиот претседател, Ердоган, кажа и дека Анкара никако не сака да го види распадот на Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган не ја исклучува можноста од продолжение на задграничната операција „Извор на мирот” во Сирија.

Таквата можност Ердоган ја најави во разговор со новинарите во неговата претседателска палата во Анкара, по враќањето од посетата на Унгарија, јави денеска телевизијата НТВ.

-Нема сомнение. Нема да застанеме се додека и последниот терорист не го напушти регионот. Нема да ја напуштиме (Сирија) откако другите земји ќе си заминат. Го поддржуваме територијалниот интегритет и единството на Сирија, рече Ердоган на прашањето на новинарите дали е можно продолжување на воената операција.

Турскиот претседател кажа и дека Анкара никако не сака да го види распадот на Сирија. Тој повтори дека Турција има право да ја изведува операцијата врз основа на пактот од Адана.

-Доколку регионот не биде исчистен од терористички организации, ние ќе продолжиме со операцијата врз основа на пактот од Адана- рече Ердоган.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close