Ердоган не искучува интервенција во Либија доколу Триполи го побара тоа

Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/ZSOLT SZIGETVARY

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не ја искучи можноста за интервенција доколку Либија, односно официјален Триполи, го побара тоа.

Тој во интервју за турската државна телевизија ТРТ, ги обвини земјите кои го поддржуваат одметнатиот генерал Калифа Хафтар дека го кршат ембаргото за продажба на вооружување кое го воспоставиле Обединетите нации.

Турција, како што потсетуваат агенциите, своевремено беше обвинета дека во минатото ги поддржувала провладините милиции и ги снабдувала со оружје.

Инаку, Калифа Хафтар е поставен за командант на Либиската национална армија од страна на меѓународно признаетиот Совет на пратеници во 2015 година, но либиските вооружени сили подоцна се раздвоија во Либиските вооружени сили под контрола на Хафтар и Либиската војска под контрола на Владата за Национален договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот