Ердоган не исклучува дијалог со Сирија

Ердоган/ Фото EPA-EFE/MYKOLA TYS

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека никогаш не може да го исклучи дијалогот и дипломатијата со Сирија, соседна земја во која земјата изврши неколку упади во последниве години, пренесува Ројтерс.

Запрашан за потенцијалните разговори со Дамаск, тој одговори дека дипломатијата меѓу државите никогаш не може целосно да се прекине, што е „помек“ коментар во однос на неговите претходни, каде често ги критикуваше властите во Сирија. Постои „потреба да се преземат дополнителни чекори со Сирија“, додаде Ердоган.

Анкара ги поддржува опозициските страни во војната во Сирија. Дамаск ја обвинува Анкара дека поддржува „терористички“ групи во Сирија.

Ердоган на почетокот на оваа година вети дека ќе спроведе уште една воена операција во северна Сирија. Од 2016 година, Турција им помогна на своите сириски сојузници во немирите главно против курдската милиција ЈПГ, која ја смета за терористичка организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот