Ердоган назначи нов министер за финансии, ќе ја спасува лирата и земјата од растечката инфлација

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган/ Фото EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV/

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го назначи Нуредин Небати за нов министер за трезор и финансии, откако досегашниот министер Лутфи Елван поднесе оставка од таа функција поради падот на националната валута, лирата на рекордно ниско ниво.

Одлуката за назначувањето на Небати, кој беше заменик министер за финансии, е објавена во Службен весник, во која се наведува дека Елван побарал „да се пензионира од работа“ и дека неговото барање било прифатено, пренесува агенцијата АП.

Неговата оставка доаѓа по последователниот пад на турската лира на нејзиното најниско ниво досега поради загриженоста за економската политика на владата, по серијата намалувања на трошоците за задолжување и покрај зголемената инфлација. Турската валута загуби околу 40 отсто од својата вредност од почетокот на годинава.

Ердоган е категоричен дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација, за разлика од конвенционалното економско мислење, и јасно стави до знаење дека земјата ќе продолжи да ја намалува референтната каматна стапка.

Претседателот разреши тројца гувернери на централните банки од 2019 година поради разлики во каматните стапки.

Небати (57) има докторат по политички науки и јавна администрација, а на Твитер, по неговото именување, најави молитва до Бога „да му ја олесни работата, а не да ја отежне“ и „да ја направи успешна работата на неговото министерство“.

Поранешниот министер Елван, инаку, го замени зетот на Ердоган, Берат Албајрак, кој минатата година поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот