Ердоган најави нова блокада за влез на Финска и Шведска во НАТО

Реџеп Таип Ердоган/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повторно се закани и кажа дека неговата земја нема да го ратификува барањето на Шведска и Финска за влез во НАТО се додека не се исполнат ветувањата што тие две земји и ги дадоа на Турција.

-Сè додека не се исполнат ветувањата што ни се дадени, ние ќе ја задржиме нашата принципиелна позиција, рече Ердоган во своето обраќање во турскиот Парламент.

Турција од мај се заканува дека ќе го блокира влезот на двете скандинавски земји во НАТО.

Во јуни таа го повлече својот приговор за приклучувањето на Шведска и Финска во Алијансата, но предупреди дека ќе го блокира процесот доколку не успеат да екстрадираат осомничени лица поврзани со забранетите курдски групи или мрежата на прогонетиот свештеник Фетулах Шулен, кој во земјата е обвинет за организирање на неуспешниот државен удар од 2016 година.

Приемот на нордиските земји треба да биде одобрен од парламентите на сите 30 земји членки на НАТО, а турскиот Парламент би можел да одбие да го ратификува договорот.

Турција ги обвинува двете земји дека се премногу попустливи кон групите што ги смета за закани за својата национална безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот