ЕРДОГАН НАЈАВИ: Гасоводот Турски тек ќе биде пуштен на 8 јануари 2020 година

EPA-EFE/STR

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека гасоводот „Турски тек” ќе биде пуштен на 8 јануари 2020 година во Истанбул.

Ердоган ова го изјави на церемонијата по повод почетокот на вториот гасовод ТАНАП, преку кој гасот од Азербејџан ќе доаѓа до Турција и Европа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Турција во првата недела од јануари следната година.

– Претседателите (на Русија и Турција) ќе се состанат по повод завршувањето на работите на Турски тек. Тие, исто така, ќе разговараат за билатералните односи – рекол Песков.

На 19 ноември Газпром објави дека двата крака на гасоводот „Турски тек” се полни со гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот