Ердоган му се жалел на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган / Фото: Архива

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во разговор со својот руски колега Владимир Путин, истакнал дека сириската Влада ја загрозува турско-руската соработка во Идлиб, така што го крши прекинот на огнот, соопштија од кабинетот на Ердоган.

Турскиот претседател му кажал на Путин и дека сириските напади врз цивили, училишта и болници во Идлиб не можат да се толкуваат како борба против тероризмот.

Порастот на насилството во областа Идлиб го загрози руско-турскиот договор, со кој е прекината владината офанзива во септември.

Таа област е една од последните големи упоришта на сириските бунтовници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот