ЕРДОГАН МУ СЕ ДОВЕРИЛ НА ЖИРИНОВСКИ: Турција е подготвена да излезе од НАТО

Фото: Профимедиа

Лидерот на Руската Либерално-демократска партија, Владимир Жириновски, рече дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на нивната средба му кажал дека е подготвен да излезе од НАТО.

– Имав две средби со претседателот Ердоган. Тој лично ми се довери дека Турција е подготвена да излезе од НАТО. Тие сакаат да бидат членка на ЕУ, но оттаму не ги примаат. Тие ги исполнуваат условите еден по еден, но никако не можат да влезат. Во НАТО се меѓу првите земји кои беа примени, бидејќи нивната територија беше погодна за акции против Русија – напиша Жириновски на својот канал на Телеграм.

Турскиот лидер од порано изјави дека Анкара го исполнила ветувањето и од Москва го купила најмоќниот ПВО систем на светот С-400.

– Долетаа осум авиони. И останатите ќе стигнат. Што зборуваа за тоа? Дека нема да ги купиме, дека нема да можеме. Дали ги купивме? Да! Во април 220 година тие системи во потполност ќе бидат инсталирани. Ние Турците го држиме својот збор. С-400 е најмоќниот одбранбен систем и се надеваме дека ќе го произведеме заедно со Русија – рече Ердоган на манифестација организирана по повод третата годишницата од обидот за државен удар во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот