Ердоган му одговори на Западот за критиките за Аја Софија: Ова е напад врз суверенитетот

Фото: EPA-EFE/STR

Критиките на Анкара поради можното претворање на музејот Аја Софија во џамија претставуваат напад врз суверенитетот на Турција, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган одговори на коментарите на другите земји, пред се на Грција, Франција и САД.

– Одлучни сме да продолжиме да ги штитиме правата на муслиманите, мнозинската вера во нашата земја, како и сите припадници на другие вери и религии, рече Ердоган на отворањето на една џамија во Истанбул.

Турскиот суд почна од вчера да го разгледува случајот во врска со статусот на Аја Софија, а одлуката се очекува во рок од 15 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот