Ердоган: Макрон е товар за Франција, се надевам наскоро ќе се ослободат од него

Турскиот претседател Тајип Реџеп Таип Ердоган денеска пред новинарите во Истанбул изјави дека се надева дека Франција наскоро ќе се „ослободи” од претседателот Емануел Макрон, опишувајќи го како „товар за таа земја”, која минува низ тешки моменти.

Односите меѓу Турција и Франција се влошија во последните месеци, најпрво поради несогласувањата околу политиката кон Сирија, а потоа и поради објавувањето карикатури на пророкот Мухамед, а потоа и на низата изјави и злосторства што следуваа.

Анкара и Париз разменија обвинувања во врска со улогите во конфликтот во Нагорно Карабах.

– Макрон е товар за Франција. Се надевам дека Франција ќе се ослободи од проблемот наречен Макрон што е можно поскоро, рече Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот