Ердоган контра САД, Русија и Франција: Не се мешајте во судирот во Нагорно-Карабах, 30 години го занемарувавте проблемот

Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се спротистави на мешањето на САД, на Русија и на Франција во судирот во Нагорно-Карабах, откако лидерите на тие земји ги повикаа официјални Ереван и Баку да ги продолжат преговорите.

– Со оглед на тоа дека САД, Русија и Франција го занемаруваа овој проблем речиси 30 години, не е прифатливо да учествуваат во напорите за постигнување на прекин на огнот, истакна Ердоган.

Тој додаде дека трајно примирје е можно само ако „ерменските окупатори” се повлечат од Нагорно-Карабах.

Претседателите на САД, на Русија и на Франција, Доналд Трамп, Владимир Путин и Емануел Макрон денеска упатија апел до Ерменија и до Азербејџан да ги продолжат разговорите за Нагорно-Карабах без условување.

– Ги повикуваме лидерите на Ерменија и на Азербејџан да ги продолжат преговорите без условување, во добар дух и под покровителство на копретседавачките групи на ОБСЕ од Минск, се наведува во заедничкото соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот