Ердоган: Ќе бидат елиминирани сите закани кои доаѓаат од Сирија
Советот за национална безбедност (СНБ) на Турција изрази поддршка за територијалниот интегритет на Сирија и посветеност кон стабилноста на земјата, пренесува Анадолија.
СНБ на Турција, со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави соопштение во кое ги претстави позициите на официјална Анкара за Сирија, Либан и Палестина.
Во соопштението се наведува дека Турција ја изразува својата силна поддршка за територијалниот интегритет и единство на Сирија, како и подготвеноста да придонесе за стабилноста на оваа земја.
„Терористичките групи кои се обидуваат да ја искористат нестабилноста во Сирија и сакаат да ѝ нанесат удар на нејзиното единство, нема да добијат одврзани раце“, соопшти СНБ, нагласувајќи дека ќе бидат елиминирани сите закани од овие групи за националната безбедност на Турција.
Советот, исто така, подвлече дека случувањата во Сирија уште еднаш ја покажаа неопходноста од преземање мерки за заштита на животите на цивилите, имотот и императивот режимот да се смири со својот народ и со опозициските групи за да се постигне траен мир.
Што се однесува на прекинот на огнот во Либан, СНБ се надева дека тој ќе биде траен, нагласувајќи ја важноста од почитување на меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на ОН за да се запрат масакрите и агресијата на Израел.