Ердоган: Ќе разговарам со Путин за Сирија во Сочи

EPA-EFE/STR

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека следната недела ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за распоредување на силите на сириската Влада во планираната „безбедносна зона” во северниот дел на Сирија, но и предупреди дека Анкара „ќе ги реализира своите планови” ако не се постигне решение.

Турција и САД во четвртокот договорија прекин на огнот во Сирија во рок од пет дена, за да можат Курдите да се повлечат од „безбедносната зона”, а Ердоган ќе отпатува во Сочи на итен состанок со Путин.

– Турција ќе ги уништи курдските сили во северна Сирија, ако тие не се повлечат од областа во текот на договорените 120 часови – посочи Ердоган.

Претходно, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека армијата е подготвена да ја продолжи офанзивата во северна Сирија ако не се применува во целост договорот со Вашингтон за привремен прекин на огнот.

– Ја прекинавме операцијата на пет дена. За тоа време терористите треба да се повлечат од безбедносната зона, нивното оружје ќе биде собрано, а позициите уништени. Ако тоа не се случи ние ќе ја продолжиме операцијата – истана Акар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот