Ердоган ја прифати оставката на својот зет, министерот за финансии Албајрак

Фото: Twitter

 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја прифати оставката на министерот за финансии, неговиот зет Берат Албајрак, соопшти денеска турското претседателство.

„Како резултат на проценката на нашиот претседател, беше прифатено барањето на министерот за финансии, Берат Албајрак, да поднесе оставка”, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

Се додава дека Ердоган изразил воодушевување од успехот што Албајрак го постигна за две години како министер.

Албајрак (42) вчера соопшти дека се повлекува од функцијата од здравствени причини.

Тој беше назначен за министер за финансии во јули 2018 година, а пред тоа беше министер за енергетика.

Албајрак е оженет со ќерката на Ердоган, Есра, со која има четири деца.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот