Ердоган ја осуди руската анексија на Крим

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Киев ја осуди „руската анексија на Крим“ и вети дека ќе го поддржи територијалниот интегритет на Украина.

Ердоган, исто така, за време на посетата на Украина рече дека Турција ќе помогне во изградбата на престојувалиштата на 500 семејства на кримските Татари, кои по соединувањето на Крим со Русија се преселија во други делови на Украина.

Кримските Татари се турска етничка група на Крим, пренесе „АП“. Многу од нив се противеа на соединувањето на Крим со Русија.

Зборувајќи на конференција за новинар, по разговорите со украинскиот претседател Владимир Зеленски, Ердоган нагласи дека „Турција не ја признава нелегитимната анексија на Крим и го поддржува територијалниот интегритет на Украина“.

Зеленски напомена дека Украина смета дека Турција ќе ѝ помогне во ослободувањето на кримските Татари кои се уапсени во Крим. Тој исто така рече дека со Ердоган разговарале за можни испораки на природен гас во Украина преку Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот