Ердоган информираше дека двајца турски војници се убиени во Либија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска информира дека двајца турски војници се убиени во Либија, каде Анкара распоредила сили и сириски борци за поддршка на меѓународно признатата Влада.

Ердоган не прецизираше кога загинале војниците.

Турскиот претседател во неделата објави дека во Либија се убиени турски војници, но не прецизира колку.

Ердоган пред четири дена првпат призна присуство на протурски сириски сили во Либија, каде ги поддржуваат силите на меѓународно призната влада во Триполи.

Турскиот претседател рече дека „на терен има елементи на Сириската народна армија”. Тој додаде дека либискиот генерал Калифа Хафтар сака Турција да излезе од земјата и го праша „зошто не се зборува за руските сили од 2.000 лица кои го поддржуваат Хафтар”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот