Ердоган и Трамп договорија средба на маргините на самитот Г20

EPA-EFE/STR

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор се договорија да се сретнат на маргините на самитот Г20, кој е закажан за 28 и 29 јуни во Јапонија, објави директорот за комуникации на турскиот претседател Фахретин Алтун на Твитер.

Портпарол на Белата куќа потврди дека двајцата лидери разговарале за прашања како што се јакнење на трговските размени на двете земји и турските планови за купување руски ракетен систем.

– Турција предложи двете земји да формираат работна група која ќе го оцени потенцијалното влијание на С-400 врз авионите Ф-35, но САД се уште не се огласија за овој предлог, а за време на денешниот разговор Ердоган на Трамп му ја повтори понудата на Турција за формирање работна група, напиша Алтун на Твитер.

Односите меѓу двата НАТО сојузника беа нарушени поради одлуката на Анкара да купи руски ракетен систем С-400, што, според тврдењата на Вашингтон, може да ги загрози нивните борбени авиони Ф-35.

Двајцата сојузници имаат и политички разлики околу кризата во Сирија и американските санкции на Иран.

Вашингтон се закани дека ќе воведе санкции за Турција доколку го купи рускиот ракетен систем, потег кој, како што посочуваат аналитичарите, ја наруши економијата во Турција, бидејќи лирата бележи пад од 14 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот