Ердоган и официјално прогласен за победник на претседателските избори во Турција

Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори и беше реизбран за претседател на Турција, изјави шефот на турскиот Врховен изборен совет. Претседателот на Советот, Ахмет Јенер, официјално ги објави резултатите од изборите, наведувајќи дека Ердоган е избран за нов претседател со 52,14 отсто од гласовите.
Дури и сите гласови кои се уште не се внесени во системот да одат за друг претседателски кандидат, резултатите нема да се променат.
Ердоган доби 27.513.587 гласови или 5214%, според податоците објавени од страна на Врховниот изборен совет на земјата, победувајќи го неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу кој имаше 25.260.109 гласови или 47,86%.
И Зеленски му честиташе
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на Ердоган.
„Му честитам на претседателот на Турција за неговата победа на претседателските избори“, напиша тој. Сметаме на натамошно зајакнување на стратешкото партнерство во корист на нашите земји, како и на зајакнување на соработката за безбедноста и стабилноста на Европа“, додаде тој.
Вітаю Президента Туреччини @RTErdogan з нагоди перемоги на президентських виборах. Розраховуємо на подальше зміцнення стратегічного партнерства на благо наших країн, а також посилення взаємодії для безпеки й стабільності Європи.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 28, 2023
Старите пријатели му честитаат на Ердоган – Путин, Вучиќ, Додик, Орбан, Рама…