Ердоган го смени шефот на централната банка поради рекордниот пад на лирата

Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган го смени денеска шефот на централната банка поради високата инфлација и рекордната ниска вредност на лирата.

Поранешниот министер за финансии Наци Агбал ќе го замени Мурат Ујсал, според уредбата на претседателот објавена во Службен весник.

Одлуката е донесена откако лирата во петокот изгуби речиси третина од вредноста од почетокот на годината и во однос на американскиот долар достигна рекордни 8,58, а годишната инфлација изнесува 11,89 отсто.

Ујсал е именуван за претседател на централната банка во јули 2019 година откако неговиот претходник не успеа да ги намали каматите за да ја поттикне економијата.

Ердоган повика на намалување на каматните стапки, побивајќи ја прифатената економска теорија дека високите стапки може да ја зауздат инфлацијата. Тој смета дека со падот на каматните стапки паѓа и инфлацијата.

Минатиот викенд ги опиша каматите, девизниот курс и инфлацијата како „ѓаволски триаголник“.

Ердоган и турскиот министер за финансии, неговиот зет Берат Албаирак, често за економските проблеми со кои се соочува Турција ги обвинуваат странските сили.

Агбал е именуван од својата претходна позиција на шеф на претседателската дирекција за стратегија и буџет. Бил и министер за финансии од 2015 фо 2018 година.

Неговата нова улога доаѓа додека Турција се плаши од влошувањето на односите со САД по доаѓањето на Џо Бајден за претседател.

(Извор: Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот